Поврзете се со нас

Германија

Нагелсман се сомнева во информацијата на ПСЖ: Мбапе ќе игра против Баерн

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

Килијан Мбапе принудно го напушти последниот натпревар на ПСЖ, а клубот подоцна објави дека заработил повреда која ќе го оддалечи од терените околу три недели.

Тоа би бил голем удар за францускиот првак во пресрет на двомечот со Баерн Минхен, но Јулијан Нагелсман не е убеден дека Мбапе има сериозен проблем.

Предводникот на Баварците денеска потенцирал дека очекува Мбапе да настапи во осминафиналето на Лигата на шампионите.

– Не очекувам дека Мбапе ќе го пропушти натпреварот со Баерн.

– Не знам каква повреда има, но информацијата на интернет страницата на ПСЖ е неубедлива. Ако не се работи за потешка повреда, не гледам како би го пропуштил овој важен дуел. Прерано е да го отпишат на ваков начин ако не се работи за нешто посериозно, – вели Нагелсман.

ПСЖ го пречекува Баерн веќе на 14. февруари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни