Германија
Нагелсман потврди дека му ја одземал капитенската лента на Нојер: Лично го известив за тоа

По победата со пресврт против Америка, Германија ја заврши својата мини турнеја во САД со реми против Мексико рано утрово, а по натпреварот, Јулијан Нагелсман одговори на прашањето кое стана топ тема во јавноста.
Новиот германски селектор е решен да направи серија промени во селекцијата по ужасниот период кој го имаше тимот под водство на Ханси Флик, но една од нив ќе биде навистина тешка за Мануел Нојер.
Искусниот чувар на мрежата со години беше капитен на националниот тим, но Нагелсман сега вели дека капитенската лента ќе остана на раката на Гундоган и во ситуација кога Нојер ќе се врати во тимот.
Во моментов, Нојер се уште се рехабилитира од тешката повреда која ја заработи на крајот на минатата година, а Јулијан откри дека голманот лично од него бил известен за одлуката која ја донел.
– Планот е да му дадеме континуитет на Гундоган со капитенската лента. Точна е и информацијата дека разговарав со Нојер на оваа тема. Му се јавив лично на телефон и реагираше доста добро. Тој е професионалец и ќе биде дел од селекцијата кога ќе се врати на теренот, – откри Нагелсман за „Билд“.
-
Светпред 10 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Англијапред 10 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 12 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Англијапред 11 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)
-
Италијапред 22 часа
Поранешен италијански судија го закачи Мурињо: Голем тренер не ги прави овие работи, ова мора веднаш да престане
-
Англијапред 13 часа
ФА покрена истрага против Сити за завршницата од дербито, шампионот мора да даде одговор до четврток
-
Германијапред 23 часа
Хаман за ѕвездата на Баерн: Тухел не го сака во екипата, нивните патишта се разминуваат
-
АТПпред 23 часа
Надал откри што најмногу го загрижува: Ова за мене е непозната територија…