Поврзете се со нас

Германија

Нагелсман отворено околу новиот договор за Левандовски: Сите знаеме дека Пини сака да преговара

Објавено

на

Младиот стратег на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман отворено говореше за иднината на неговиот најдобар напаѓач, Роберт Левандовски кој се уште не го продолжил договорот со „баварците“.

Левандовски сака подолгорочен договор и иста плата како сегашната, но од Баерн Минхен во моментов не се подготвени да му го понудат тоа, па токму затоа се уште ништо не е конечно одлучено.

Полскиот напаѓач веќе се поврзува со трансфер во Барселона, но како што стојат работите во моментов Баерн сепак е во пол позиција за негово задржување.

Тоа може да се потврди и од изјавата на Нагелсман кој истакна дека последната средба меѓу клубот и агентот на Левандовски поминала во добра атмосфера, но дека е потребно уште трпение.

– Преговорите со агентот на Левандовски, Пини Захави беа добри, но тоа е се што знам јас. Сите знаеме дека Пини е личност која сака да преговара.

– Потребно ни е трпение, а токму трпението во мојот случај е моја најголема сила, -потенцираше Јулијан Нагелсман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни