Поврзете се со нас

Свет

Нагелсман откако дебитираше со победа: Коригиравме една работа на полувреме

Објавено

на

Foto: DFB/Philipp Reinhard

Јулијан Нагелсман дебитираше со победа на клупата на репрезентацијата на Германија, што е супер вест за домаќинот на Европското првенство со оглед на кризата во која западна тимот под водство на Ханси Флик.

Германците веруваат дека младиот стручњак ќе донесе позитивни ветришта во тимот и дека „панцирите“ ќе успеат да ја пронајдат најдобрата верзија во наредните неколку месеци, уште повеќе по ветувачкиот старт.

Германија направи пресврт против Америка и оствари победа од 3:1, а новиот селектор откри каква порака имал за играчите на полувреме, но и по крајот на мечот.

– Во првото полувреме имав чувство дека сакаме пребрзо да ги завршуваме акциите, па моравме да коригираме на полувреме. Ризикувавме при секоја акција во нивната половина и губевме многу топки. Во вториот дел игравме брзо како во првиот, но бевме многу потрпеливи. Тоа беше клучна разлика за победата.

– По мечот им честитав на сите во соблекувалната. После лошите месеци зад нас, добро е што покажавме карактер и што се вративме од негатива. Имаме индивидуални грешки, но тоа е нормално. Имаме многу работи за коригирање, но фудбалот кој го игравме беше многу добар и заслужено победивме, – изјави Нагелсман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни