Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Нагелсман огорчен од епилогот во Париз: Не можам да поверувам дека ова се случува во ЛШ (Видео)

Објавено

на

Ред Бул Лајпциг беше подобар од ПСЖ во секој статистички податок на теренот, но сепак тоа не му донесе резултат на составот предводен од младиот Јулијан Нагелсман, кој буквално беше бесен и огорчен по минималниот пораз кој го претрпе неговиот тим во француската престолнина.

ПСЖ победи со голот од пенал на Нејмар во 11-та минута од средбата, момент кој беше навистина многу спорен и за кој дури и по прегледите од ВАР снимката, не можеше да се утврди дека Сабицер имаше било каков контакт со Анхел Ди Марија.

За Нагелсман нема никаква дилема, односно смета дека аргентинскиот фудбалер искусно одглумил пенал, на кој наседнале дури и луѓето во ВАР собата.

– Мислам дека ПСЖ немаше ниту една вистинска шанса на мечот, пеналот кој го добија беше вистинска шега, ова беше смешно. Не ми се верува дека ова се случува во Лигата на шампионите, на ова ниво. Ова е навистина тажно и жално. Тоа беше чисто фрлање од Ди Марија, немаше никаков контакт. Луѓето во ВАР очигледно гледаа друг меч, – порача лутиот Нагелсман за „Скај Германија“.

– Сега имаме потешка задача од претходно. Мора да победиме на наредните два меча и да се надеваме дека ПСЖ нема да го направи истото. Тешко е да се прифати ваков пораз, во најмала рака заслуживме бод. Бевме далеку подобри од ПСЖ и навистина не го разбирам пеналот кој им го досудија, – нагласи младиот германски стрчњак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни