Нагелсман официјално ќе го замени Хофенхајм со ривал од Бундеслигата

nagelsman-1

Младиот германски стручњак Јулиан Нагелсман најави дека останува уште една сезона во Хофенхајм, но потоа ќе седне на клупата на бундеслигашки ривал.

Се работи за екипата на РБ Лајпциг, чие раководство денеска се пофали дека од сезоната 2019/20 ќе соработува токму со Нагелсман.

– Заминувам по крајот на следната сезона и сакам тоа уште отсега да биде јасно, – изјавил денеска тренерот кој на Хофенхајм му донесе трето и четврто место во Бундеслигата.

Facebook Коментари