Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Нагелсман: Не заслуживме да загубиме со таква разлика

Објавено

на

Бундеслигашот РБ Лапциг доживеа пораз од 2-0 од Ливерпул во првата средба од осминафиналето на Лигата на шампионите и со тоа се стави во многу тешка положба пред реваншот кој е на програмата наредниот месец.

Домаќините во вториот дел направија две големи грешки кои гостите од Англија ги искористија преку Салах и Мане со што дојдоа до триумф кој широко им ги отвара вратите за пласман во четвртфиналето. Тренерот на Лајпциг, Јулијан Нагелсман спортски му ја честиташе победата на противникот, но воедно нагласи дека не заслужиле ваков висок пораз.

-Кога победувате, секогаш сте во право, но заработивме многу почит во 90 минути. Дефинитивно не бевме полоши и сигурно не беа полоши за два гола. Големата разлика беше што тие дадоа гол во своите две шанси, ние имавме три големи шанси и не бевме доволно прецизни. За двете големи грешки што ги направивме, бевме казнети, на толку високо ниво тоа е нормално, -истакна Нагелсман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни