Поврзете се со нас

Германија

Нагелсман: Мојот татко беше таен агент и изврши самоубиство за кое немавме објаснување

Објавено

на

foto: https://twitter.com/FCBayernEN

Јулијан Нагелсман деновиве е актуелен поради интервјуто за „Шпигел“, во кое има интересни изјави поврзани со Баерн Минхен и отказот кој го доби од овој клуб, но и детали од приватниот живот.

Актуелниот германски селектор открил непознат детаљ поврзан со својот татко и го предизвика вниманието во германската јавност.

Ервин Нагелсман починал кога Јулијан имал само 20 години, а неговиот син открил дека тој работел како агент во тајната германска служба и извршил самоубиство.

– Често се навраќам на тој ден пред 16 години. Татко ми не остави проштално писмо, немаше никакво навестување дека планира такво нешто, ниту објаснување зошто се решил на тој чекор. Тоа беше голем удар за нашето семејство, но се чини дека тој знаел што прави и сакал да го направи тоа.

– Татко ми не смееше да зборува за својата работа. Сигурно не работеше во администрација, но фактот што не смееше ништо да открива му ја правеше работата уште потешка. Тој беше многу храбар и научив многу од него, – рекол Нагелсман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни