Поврзете се со нас

Европски првенства

Нагелсман: Моите играчи не заслужија да испаднат

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Селекторот на германската фудбалска репрезентација Јулијан Нагелсман изјави дека неговите играчи не заслужиле да бидат елиминирани од ЕП, откако Шпанија ги победи во четврт-финалето.

„Фурија“ победи со 2:1 со головите на Олмо во 51. минута и Микел Мерино во 119. минута.

Единствениот гол за Германија, во 88. минута беше дело на Флоријан Вирц.

„Честитки за Шпанија за пласманот во полуфиналето. Во првото полувреме мечот беше отворен. Во второто бевме подобри, од 60. минута па натаму бевме многу подобра репрезентација. Нашата гол кон крајот на натпреварот беше целосно заслужен. Шпанците ни го дадоа победничкиот гол од единствената шанса во продолжението. За жал, тогаш не успеавме да извршиме поголем притисок по страната. Секој германски играч, без разлика дали е стартер или резервен, денеска даде се. Ова е болен пораз. Им реков дека не заслужуваат да испаднат. Ни недостасуваат семејствата, но никој од нас не сакаше да замине. Од почетокот, овие шест недели, атмосферата беше многу добра меѓу нас. Дадовме се за да победиме на овој натпревар“, изјави по натпреварот германскиот селектор Јулијан Нагелсаман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни