Германија
Нагелсман: Имав непријатен разговор со Тер Штеген во март
Марк Андре Тер Штеген конечно дочека да биде прв голман на Германија, па сега дефинитивно ќе има вистинска шанса да се докаже на еден голем турнир во дресот на националниот тим.
Голманот на Барселона многу долго беше во сенка на Мануел Нојер кој пред извесно време соопшти дека му го отстапува местото на Тер Штеген, а на крајот трпението донесе награда за Марк која според многумина требаше да дојде доста порано.
Јулијан Нагелсман откри дека имал непријатен разговор со Тер Штеген пред почетокот на Европското првенство во Германија, но неколку месеци подоцна, ситуацијата изгледа доста подобра за него, но и за чуварот на мрежата.
– Тер Штеген беше многу добар против Унгарија и одбрани некои чисти шанси. Тој е важен играч за нас, со години е прв голман на Барселона и капитен на тој голем клуб. Знаеме дека со него имаме квалитет и сигурност на голот.
– Ќе бидам искрен, тој навистина предолго беше втор голман на Германија. Конверзацијата која ја имавме во март не беше пријатна. Имав страв дека ќе му дојде преку глава и дека ќе каже „нема да бидам повеќе дел од ова“! Ќе го сфатев да го направеше тоа, предолго беше во втор план, но сега има вистинска шанса. Очекувам да остане здрав и да има добар мундијал за две години, – изјави Нагелсман.
-
Шпанија23 часа
Гути: Нешто не функционира во овој Реал Мадрид
-
Свет9 часа
Клоп со прва изјава за својот нов фудбалски проект: Не можам да бидам повозбуден
-
Германија22 часа
Баерн подготвува „понуда која не се одбива“ за Мусиала
-
Англија20 часа
Палмер го победи Белингам во изборот за англиски фудбалер на годината
-
Англија23 часа
Крај на една ера: Манчестер Сити останува без архитектот на моќниот тим на премиерлигашот
-
Европски купови10 часа
Ракометна магија во Скопје: Неверојатната акција на Вардар за која зборува цела Европа (Видео)
-
Англија24 часа
Премиерлигашки фудбалер ќе останел без прст во бизарен инцидент во својата кујна
-
Франција24 часа
„Седумката“ на Гризман во француската репрезентација доби нов сопственик