Поврзете се со нас

Германија

Нагелсман го потврдил статусот на Нојер по киксот на дуелот со Грција (Видео)

Објавено

на

foto: https://twitter.com/FCBayernEN

Германија вчера успеа да победи на пријателскиот натпревар со Грција, но фановите беа шокирани од големиот кикс на Мануел Нојер.

Искусниот голман им подари водство на противниците, па Германците во продолжение мораа да бркаат пресврт, но селекторот Јулијан Нагелсман тврди дека оваа грешка не го менува статусот на членот на Баерн Минхен.

– Нема да размислувам за голманската позиција, Нојер е и ќе остане наш прв голман.

– Сите сакаат такво нешто, но јас нема да дозволам дебата, не ги заборавајте и неговите одбрани со кои спречи противникот да има повисоко водство.

– Имаше три одбрани од светска класа кои ретко кој голман може да ги направи, не направил повеќе грешки и ја има мојата доверба, – рекол Нагелсман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни