Поврзете се со нас

Германија

Нагелсман го избрал наследникот на Левандовски во Баерн

Објавено

на

Постојат големи шанси Роберт Левандовски следното лето да се збогува со Баерн Минхен и да се одлучи за нов предизвик, а германските медиуми шпекулираат со името на неговиот наследник.

Ако се знае дека Ерлинг Халанд ќе биде комплицирана операција, поради интересот на голем број клубови, „Спорт1“ тврди дека најблиску до Баерн е Тимо Вернер.

Вернер соработуваше со тренерот Јулијан Нагелсман во РБ Лајпциг и наводно бил прв избор на младиот стручњак, па постојат големи шанси тој да биде доведен да го замени Левандовски.

Германскиот репрезентативец не се прослави откако замина во Челси, а во меѓувреме падна и во втор план по доаѓањето на Ромелу Лукаку.

Се чини дека и двете страни ќе имаат интерес за заедничка соработка, посебно што Вернер играше фантастично додека тренер му беше токму Нагелсман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни