Свет
Нагелсман го играше Хаверц на шокантна позиција, Германија доживеа тежок удар во Берлин (Видео)
Гермаците се познати како големи фудбалски фанатици и нација која ужива на фудбалските натпревари, но вчеравечер во Берлин бевме сведоци на еден несекојдневен пријателски натпревар, кој направи медимите од оваа земја да бидат доста критички настроени кон срамот кој беше режиран.
Не се работи за тесниот пораз претрпен од Турција на „Олимпијастадионот“, туку за состојбата на трибините која изгледаше како Германија да игра на гостински терен.
Илјадници Турци го искористија фактот што живеат во Германија и направија гостински терен за домашните играчи, кои и покрај добриот старт, на крајот го претрпеа првиот пораз во ерата на Јулијан Нагелсман.
Германскиот селектор шокираше на стартот и реши да го постави Каи Хаверц како лев бек, па колку и да звучеше ова неверојатно, фудбалерот на Арсенал беше тој кој го отвори резултатот по додавање на Сане. Во првата фаза од мечот, Германија пропушти шанси да поведе со 2:0 и да има помирен меч, а казната стигна пред крајот на првиот дел, и истата беше двојна.
Турските навивачи на големо ги прославија головите на Кадиоглу и Јилдиз за пресврт од 1:2, па иако Германија возврати на стартот на вториот дел преку Фулкруг, одлучувачкиот гол повторно беше дело на Турците.
Винченцо Монтела запиша нова голема победа како селектор на Турција и се израдува на триумф од 2:3, а тоа го направија и многубројните турски фанови кога Сари погоди од пенал за 2:3, откако претходно беше досудена најстрога казна поради играње со рака на Хаверц.
-
Македонијапред 23 часа
(ФОТО) Новиот автомобил на Иџе пристигна во Скопје
-
Германијапред 15 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Италијапред 23 часа
Малдини откри како бил отпуштен од Милан и распали по првиот човек на клубот
-
Шпанијапред 17 часа
Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…
-
Англијапред 14 часа
Гвардиола воодушевен од тренерот на Тотенхем: Тој го прави фудбалот подобро место, уживам да ги гледам
-
Шпанијапред 16 часа
Гризман и Саул имаа провокативни изјави, Жоао Феликс им одговори (ВИДЕО)
-
Европски првенствапред 21 час
Лазаров повика 35 ракометари на поширокиот список, има и едно изненадување (Фото)
-
Светпред 14 часа
Митровиќ и Милинковиќ-Савиќ го потопија Ал Наср на Роналдо (ВИДЕО)