Поврзете се со нас

Германија

Нагелсман ги подгреа шпекулациите за ѕвездата на Челси која во јануари станува слободен агент

Објавено

на

Антонио Ридигер фудбалски воскресна и се препороди под водство на Томас Тухел и се претвори во клучен играч во одбраната на Челси, бидејќи беше еден од креаторите кои го одведоа тимот на германскиот стручњак до големиот трофеј во Лигата на шампионите.

Ридигер ја стартуваше и новата сезона како незаменлива алка во стартниот тим на Тухел, но во изминатиот период, на големо се зборува за неговиот договор кој истекува на крајот на оваа натпреварувачка кампања. Доколку Челси не реагира брзо, германскиот репрезентативец ќе може да преговара со било кој друг клуб во месец јануари, па поради тоа, во последно време се појавија сериозни шпекулации за негов трансфер во Баерн Минхен.

Германскиот великан будно ја следи ситуацијата и очекува да виде како ќе се развиваат преговорите меѓу Ридигер и Челси, а денеска шпекулациите дополнително ги подгреа Јулијан Нагелсман со својата искрена изјава.

– Да бидам најискрен, не сакам да зборувам за играчи на други клубови, уште помалку кога сме надвор од преоден рок. Штом инсистирате, ќе зборувам за него како фудбалски фан.

– Ридигер неверојатно добро се адаптираше на Тухел. Се чинеше дека е на излезни врати од Челси, а сега е клучен играч за тимот. Не можам да кажам нешто повеќе. Не сум зборувал со Салихамиџиќ на оваа тема и не планирам да го прогонувам во овој момент. Треба убаво да видам уште колку му преостанува од договорот и дали имаме пари да си го дозволиме, – изјави Нагелсман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни