Поврзете се со нас

Германија

Нагелсман доживеа голема непријатност на своето деби на „Алијанц арена“: Знам дека нема сите да ми аплаудираат

Објавено

на

Јулијан Нагелсман вчера го имаше првиот натпревар на „Алијанц арена“ како тренер на Баерн Минхен, но во ситуација кога резултатот од пресметката со Ајакс беше во втор план, во фокусот на германските медиуми се најдоа неколку непријатни скандирања од трибините.

Германските стадионите се уште се прилично празни поради ситуацијата со пандемијата и имаше голем број празни места на вчерашниот натпревар меѓу Баерн и Ајакс кој заврши 2:2, но пред кој новиот тренер на Баерн беше жртва на немили поради од одредена група на фановите поради неговото минато во Минхен 1860, лутиот градски ривал на Баерн.

– Нагелсман, свињо, врати се од таму од кадешто си дошол, – биле дел од скандирањата кои ги слушнале германските новинари, кои пак му поставиле и прашање на тренерот на Баерн на оваа тема.

– Го слушнав и го забележав тоа. Стадионот се уште не е полн и таа група на фановите најмногу се слушаше на стадионот. Јас не сум голем фан на ривалствата, јас стојам зад толеранцијата и отвореноста. Секој може да прави што сака, исто така сум свесен дека нема сите да аплаудираат што порано бев дел од градскиот ривал, – изјавил Нагелсман кој ја искоментирал и неверојатната утка на Зиркзе.

– Ова беше натпревар, мора да има поинаков пристап во ваква ситуација. Не го направи намерно, но мора да постапи правилно. Нема да разговарам со него, но и тој знае дека провокативно го забави темпото и тоа го искористи ривалот за да ја рачисти опасноста, – порачал тренерот на Баерн.

Сигурно ќе добие лекција од Нагелсман: Млада ѕвезда на Баерн се посрамоти на средбата со Ајакс (ВИДЕО)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни