Поврзете се со нас

Германија

Нагелсман: Барселона има идентично добар играч како Мусиала

Објавено

на

Џамал Мусиала веќе го демонстрираше својот застрашувачки фудбалски талент како тинејџер, но цела германска јавност очекува офанзивниот играч за врска дополнително да напредува под водство на новиот тренерн на баварците, Јулијан Нагелсман.

Мусиала имаше фантастичен потег на натпреварот против Келн изминатиот викенд во првата бундеслигашка победа на Баерн Минхен во новата сезона, но импресивен беше и вчеравечер во преубедливата победа која ја оствари фаворитот во Купот.

Баварците немаа милост и славеа со 12:0 против Бремер, средба на која Мусиала постигна два погодоци, но беше главен причинител и за еден автогол на домашниот тим.

По средбата, германските новинари го прашаа Нагелсман дали има подобар млад фудбалер од Мусиала во Европа, по што тренерот на Баерн даде интересен одговор.

– Во мојот тим не гледам подобар 18-годишен играч од Мусиала, но во светскиот фудбал има и други добри играчи кои имаат 18 години. Ќе ви го дадам за пример Педри од Барселона. И тој има 18 години.

– Ние сме среќни што го имаме Мусиала, тој е неверојатно добар со топката, како да има магнет на нозете. Сите знаеме каков потенцијал имаме на располагање, – изјави Нагелсман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни