АТП
„Нагазна мина“ за Ѓоковиќ уште на стартот на Индијан Велс, Алкарас повторно на иста страна со Србинот (Фото)

Од сите можни ривали со кои можеше да вкрсти во четвртфиналето на Индијан Велс, Новак Ѓоковиќ како шести носител се падна во делот од ждребот кадешто е Карлос Алкарас, па така може да гледаме нови нивни дуел во оваа рунда какошто беше случај и на Аустралијан Опен.
Алкарас како двократен шампион во низа ќе ја брани титулата во калифорниската пустина, а на неговиот пат повторно ќе се најде стариот лисец кој ако се оди според планот, ќе има за цел да ја нападне јубилејната 100-та титула во својата кариера.
Ѓоковиќ ќе биде слободен во првата рунда, но веќе на стартот во второто коло може да има „нагазна мина“, бидејќи вкрстува со Ник Кирјос.
Неговиот добар пријател ќе треба да ја мине првата рунда во која ќе игра против квалификант, а ако успее во тоа, Австралиецот ќе закаже интересна пресметка со Ноле.
Потенцијален ривал на Новак во третата рунда е Франсиско Серундоло, во четвртото вкрстува со Де Минор или Хуркач, додека проектиран противник за четвртфиналето му е Алкарас.
За да дојде до пресметка со Новак, Алкарас во претходната рунда може да игра со Димитров, а проектирани ривали за втората и третата рунда му се Халис и Шаповалов.
🚨🇺🇸🇷🇸 Novak Djokovic’s 2025 Indian Wells draw:
R1 – BYE
R2 – Kyrgios/Q
R3 – Cerundolo/Davidovich Fokina
R4 – de Minaur/Hurkacz
QF – Alcaraz/Dimitrov
SF – Rublev/Fritz/Shelton
F – Zverev/Ruud/Tsitsipas/Medvedev📸 Andrew Eichenholz/ATP Tour pic.twitter.com/IFWZukRrZJ
— Olly Tennis 🎾🇬🇧 (@Olly_Tennis_) March 4, 2025
Will we get another Djokovic-Alcaraz QF? 👀#TennisParadise pic.twitter.com/twWgcJSyBc
— Tennis Channel (@TennisChannel) March 4, 2025
-
Репрезентација17 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Светски првенства18 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Англија20 часа
Трент прифатил преселба во Реал, навивачите на Ливерпул бесни: Оставете го на клупа до крајот на сезоната…
-
Македонија23 часа
Јандреоски назначен за прв оперативец на ФФМ
-
АТП21 час
Ивановски ги мина квалификациите во Опатија
-
Репрезентација17 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Светски првенства8 часа
Бразилците пропаднаа на „Монументал“, Аргентина обезбеди билет за СП (ВИДЕО)
-
Италија19 часа
Дибала имал успешна операција, оваа сезона е завршена за него!