Англија
Наезда на глувци го намали рејтингот на „Олд Трафорд“, санитарната инспекција побарала итна реакција
Кристијано Роналдо испорача брутален рафал кон раководните структури на Манчестер Јунајтед кога си заминуваше од клубот, бидејќи како легенда на „црвените ѓаволи“ си даде за право да зборува за очајната инфраструктура која владее во тренинг центарот, но и на стадионот.
Португалецот тогаш нагласи дека клубот не вложил ниту едно евро во подобрување на условите од денот кога првпат си замина од театарот на соништата, а како што одминува времето, овие негови изјави се повеќе добиваат на значење во јавноста поради доказите кои пристигнуваат од самиот стадион.
„Олд Трафорд“ прокисна на минатосезонското дерби со Арсенал и една од трибините служеше за потсмев на социјалните мрежи, но сега топ тема во Англија е присуството на глувци на култниот стадион во Манчестер.
Вонредната санитарна инспекција утврдила низа пропусти во просториите на стадионот и биле пронајдени траги и измет од споменатите глодари, поради што „Олд Трафор“ како клуб добил една од најниските оценки.
Иако присуството на глувци не било утврдено во близина на кујната каде се подготвува храната, санитарната инспекција издала барање за итни подобрувања на условите на стадионот, па затоа од можни пет, дала само две ѕвездички за целокупната хигиена на „Олд Трафорд“.
Намалувањето во рејтингот доаѓа во период кога на големо се зборува за реновирање на култниот стадион, па јасно е дека тоа треба да претставува еден од приоритетите на новиот косопственик Џим Ретклиф кој се задолжи да ги решава сите проблеми и пропусти кои ги направија Глејзерови.
-
Светски првенства16 часа
ИХФ треба да измисли фер-плеј награда за Де Варгас: Шпанскиот голман воодушеви со својот потег на СП (Видео)
-
АТП9 часа
Ѓоковиќ освои луд поен на сет топка и предизвика лудница во Мелбурн (Видео)
-
Англија15 часа
Карагер шокиран: Аморим направи една од најбизарните работи во историјата на фудбалот
-
АТП14 часа
Зверев за блокбастер дуелот Ѓоковиќ-Алкарас: Досаден меч (Видео)
-
АТП8 часа
Ѓоковиќ имаше негатива, па го преслуша Алкарас за полуфинале во Мелбурн
-
Германија13 часа
Реал Мадрид дефинитивно се повлекол од преговорите со ѕвезда на Баерн
-
Шпанија24 часа
Чаби Алонсо: Времето минува, но мојата врска со Реал останува незаборавна
-
Репрезентација4 часа
Лазаров: Момците покажаа дека знаат како се игра и против „досаден“ ривал