Надежите загубија од Србија на првиот тест во Скопје

U-18

Македонската репрезентација до 18 години ремизираше без голови против Србија на првиот контролен натпревар кој двете селекции го одиграа на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Милан Кременовиќ во второто полувреме, во 55. минута го постигна погодок за победа на гостинската репрезентација. По центаршут во нашиот шеснаесетник, невнимателно реагираше нашата одбрана, топката се одби до Кременовиќ и ја смести во мрежата на голманот Китановски.

Без шанси за отворање на резултатот двете селекции ги завршија првите 45. минути, а во продолжението од натпреварот за одбележување, освен голот на Србија, е одличниот удар на нашиот Дамјан Трајановски во 85. минута кога добрата интервенција на голманот спречи израмнување на 1:1.

Вториот меч меѓу селекциите на Македонија и Србија до 18 години ќе се одигра в четврток, исто така на тренинг центарот „Петар Милошевски“ со почеток во 11:00 часот.

Facebook Коментари