Поврзете се со нас

Репрезентација

Надежите загубија од Шведска на ЕП во Тбилиси

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години претрпе пораз од Шведска од 92-90 на Европското првенство Б-дивизија кое се одржува во Тбилиси, Грузија.

Нашите надежи одиграа многу лошо во првиот период во кој му дозволија на противникот да направи предност од 14 разлика (29-15), па мораа потоа да го бркаат тоа водство на Швеѓаните што на крајот и не успеаа и покрај тоа што дадоа 90 поени.

Хот со дабл-дабл од 22 поени и 10 скокови беше најдобар наш поединец, додека двоцифрени беа уште Миловановиќ, Савиќевиќ и Андоноски.

Утре од 12:30 часот се соочуваме со селекцијата на Косово.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни