Поврзете се со нас

Репрезентација

Надежите се собраа, Ангелов порачува: Тоа е единствениот начин како треба да се претставува репрезентативниот дрес

Објавено

на

foto: ffm.mk

Македонската млада фудбалска репрезентација го имаше првиот собир во пресрет на двата контролни натпревари со Косово кои ќе се одиграа во Скопје.

Средбите се закажани за 14 и 17 ноември од 13 и 12 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски”, дуели кои се добра проверка за новата генерација.

– За овие контролни натпревари повикани сме поголем број на фудбалери. На дуелите со Косово ќе треба да го покажеме нашиот квалитет и да ја ооправдаме довербата на селекторот. Мислам дека оваа нова генерација има квалитет и потенцијал за да оствари позитивни резултатит. Неколку фудбалери, а меѓу нив и јас имавме можност да бидеме дел и од претходната генерација, а тоа за нас претставуваше едно големо и драгоцено искуство, кое верувам дека ќе има позитивно влијание.

– Двата контролни натпревари со Косово ќе ни послужат што е можно подобро да се подготвиме и воиграме за претсојните предизвици што не очекуваат во следниот квалификациски циклус. Ние како фудбалери максимално се ставаме на располагање на селекторот и стручниот тим, подготвени сме позитивно да одговориме на тоа што ќе се побара од нас на теренот. Сакаме да дадеме се од себе на следните натпревари со Косово, за да го потврдиме нашиот квалитет.

-Од новата генерација може да се очекува голема сплотеност,натпреварувачки дух и желба за докажување. Сакаме да покажеме голема борба, желба и мотивација на секој натпревар, без разлика на противникот, тоа е единствениот начин како треба да се претставува репрезентативниот дрес, -порача Матеј Ангелов.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни