Поврзете се со нас

Репрезентација

Надежите ремизираа со Саудиска Арабија на турнирот во Хрватска

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација до 21 години остана непоразена и на вториот теста на силниот меѓународен турнир во Свети Мартин на Мура.

Пред неколку денови нашите надежи ја совладаа Албанија со 3-1, додека пак денеска одиграа без победник (1-1) против Саудиска Арабија.

Ова беше дуел на кој ние не реализиравме пенал во првиот дел по што во самиот финиш на истиот стигна казната и Саудисна Арабија поведе со 1-0. Во вториот дел, Македонија израмни со голот на Марио Илиевски што на крајот се покажа и како конечен резултат.

Овие два теста сигурно беа од голема помош за селекторот Драги Канатларовски кој сега има подобра слика за генерцијата која се подготвува за новиот евроквалификациски циклус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни