Надежите по вторпат надиграни од Србија

mkd-srb

Македонската репрезентација до 18 години загуби со 5:1 на возвратниот контролен натпревар против врсниците од Србија на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.

Нашата младинска селекција поведе со 1:0 со погодокот од слободен удар на Дамјан Трајановски во 7. минута. Сепак, гостинските фудбалери по само 15. минути направија пресврт и со головите на Александар Дељанин во 12. и Вукашин Богдановиќ во 15. минута дојдоа до предност од 2:1.

Во второто полувреме Србија беше подобар противник и со вториот гол на Богдановиќ поведе со 3:1. Македонската репрезентација при негатива од 1:3 не искористи пенал во 65. минута, односно Хамза Рамани ја погоди стативата од гостинскиот гол. Добри прилики за намалување на предноста не искористивме и преку Фета и Адеми.

До крајот од натпреварот Србија со головите Чолиќ и Јакојевиќ стигна до убедлива победа од 5:1.

Првиот натпревар меѓу двете селекции заврши со победа на Србија од 1:0.

Facebook Коментари