Поврзете се со нас

Репрезентација

Надежите ја наполнија мрежата на Андора, ќе чекаме разврска на останатите групи

Објавено

на

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години со убедлива победа над Андора од 6-0 го заврши настапот на квалификацискиот турнир во Ирска.

Нашите надежи во првото коло ремизираа со Полска (0-0), потоа загубија од домаќинот со 2-0 за да денеска до врв ја наполниме мрежата на Андорците. Назифи дојде до хет-трик, Стојанов беше автор на два гола, а во листата на стрелци се запиша и Ѓоргиевски.

На крајот ние завршиме како третопласирани во ова друштво со 4 бода што значи не обезбедивме директен пласман во елитна фаза од квалификациите, но и како трети можеме да дојдеме до тоа ама ако ни се погодат резултатите од останатите групи или поточно ќе мора да чекаме разврската на истите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни