Надежите го освоија второто место на турнирот во Летонија

u-19

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години го освои второто место на меѓународниот турнир “Куп на Федерации Латвиа 2018“.

Нашите надежи денеска ги победија Фарски Острови со 1-0 со погодокот на Енсар Лума во 90 минута и на тој начин го освоивме второто место во конкуренција уште на Летонија и Украина.

Да потсетиме ние на овој турнир ја победивме домашната селекција со 2-1, а пак загубивме од Украинците со 2-0. Токму Украина славеше на трите средби со максимални 9 бода триумфираше на овој настан.

Facebook Коментари