Поврзете се со нас

Репрезентација

Надежите ги започнаа подготовките за тестовите во Анталија

Објавено

на

Младата репрезентација на Македонија до 21 година пристигна во Анталија и денеска ќе ги започне подготовките за претстојните три контролни натпревари против селекциите на Летонија (23.март), Финска (25. март) и Словачка (28.март).

Нашата млада селекција максимално ќе го искористи овој подготвителен период, со цел што подобро да се подготви за почетокот на квалификациите за пласман на Европско првенство 2025 година.

Еден од најдобрите поединци на штипска Брегалница и стандарден член на младата репрезенетација на Македонија, Иван Николов даде свое видување за претстојните натпревари што не очекуваат и квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2025.

– Контролните мечеви во Анталија се одлична можност за што подобро да се подготвиме за предизвикот што не очекува во септември, односно почетокот на квалификациите за пласман на Европско првенство. Што се однесува до самата група од квалификациите, јасно е дека во денешно време нема лесно противници, но оваа наша група на фудбалери поседува голем квалитет и заедништво, имаме големи очекувања, сакаме да оствариме нешто големо и да избориме пласман на Европско првенство. Имаме серија на потивни резултати на последните натпревари, што ни дава дополнителен мотив дека можеме да одиграме добри квалификации.

-Одиме чекор по чекор, не очекува уште многу работа до почетокот на квалификациите, моментално е најбитно овој подготвителен период во Анталија да го искористиме на најдобар можен начин, да ја унапредиме нашата игра за да можеме максимално подготвени да го дочекаме почетокот на квалификациите.

-Првиот меч во Анталија го играме против Летонија, селекција со високи и снажни фудбалери која игра доста тврд фудбал. Ние сме поквалитетна селекција од нив, но тоа ќе мора да го покажеме на терен. Се надевам дека ќе продолжиме со одличната игра и позитивната серија на резултати.

-Атмосферата во самиот тим е одлична, се познаваме меѓусебно многу добро, со оглед на тоа што поголемиот дел од фудбалерите бевме дел и од репрезентацијата на Македонија до 19 години Убеден сум дека со голема пожртвуваност, борба и желба за надигрување можеме да оствариме добри резултати, -порача Николов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни