Репрезентација
Надежите ги стартуваа подготовките за пресметките со Белорусија и Азербејџан

Репрезентацијата на Македонија до 21 година пристигна во Белек (Анталија) каде што во наредниот период ќе одржи подготовки под водство на новиот селектор Горан Станиќ.
Во склоп на овие подготовки во Анталија, нашата млада репрезентација ќе одигра и два тест меча против Белорусија и Азербејџан.
Првиот контролен натпревар со Белорусија го играме на 21. март со почеток во 16.00. На 25. март со почеток од 18. часот играме со Азербејџан.
Напаѓачот на Септември Софија и член на нашата репрезентација до 21 година, Никола Величковски даде свое видување и коментар за претстојните предизвици што ги очекуваат нашите фудбалери.
– Денеска го одработивме првиот заеднички тренинг. Сакаме гордо и достоинствено да ја претставиме нашата земја. Сите сме подготвени да го дадеме максимумот и да го оставиме срцето на терен за дресот со државен грб.
– Оваа репрезентација поседува квалитет, голем дел од играчите што се моментално во Анталија на подготовки беа во репрезентацијата до 19 години, која пред година дена успеа да оствари голем успех со пласманот во Елитната рунда на квалификации за ЕП.
– Огромна чест и задоволство е да играш и да ги браниш боите на нашата држава . Имаме одличен селектор и струшен штаб кои поседуваат исклучително големо искуство и знаење кое нас може да ни донесе големи бенефиции.
-На секој натпревар ќе влеземе максимално ангажирано и дисцџплинирано. Мораме да бидеме комплетно фокусирани на тренинзите и самите натпревари.
-Имаме одлична атмосфера, добро се познаваме меѓусебно и посакуваме успех. Имаме тешка квалификациска група во која ќе се соочиме со репрезентации кои се на самиот врв на Европскиот фудбал.
-Максимално сме мотивирани, можеме и сакаме да се натпреваруваме и надигруваме со секоја репрезентација. Поседуваме квалитет и силен карактер, сигурен сум дека тоа ќе го докажеме на теренот.
– Во овие тешки моменти за нашата држава сакам да изразам големо сочуство на семејствата на загинатите го големата трагедија, -истакна Величковски.
-
Шпанија18 часа
Не е се идилично: Еден играч на Барса не сака да го слуша ниту тимскиот говор на Ханси Флик (Видео)
-
НБА14 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
НБА17 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони15 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…
-
Англија12 часа
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Македонија13 часа
Ќе биде жешко во Битола: Пелистер ги распродаде билетите за дербито со Вардар
-
Италија15 часа
Интер договара офанзивец од Франција (ВИДЕО)
-
Англија13 часа
Баптиста за договореното засилување на Челси: Тој е најдобриот играч…(ВИДЕО)