Поврзете се со нас

Репрезентација

Надежите до 19 години лесно ја решија Саудиска Арабија

Објавено

на

foto: ffm.mk

Младата репрезентација на Македонија до 19 години забележа убедлив триумф над селекцијата на Саудиска Арабија во рамките на контролниот натпревар одигран помеѓу овие две селекции во Тарагона, Шпанија.

Избраниците на селекторот Тони Јакимовски ја потврди својата добра форма и продолжија со добрите игри и резултати. Македонија до 19 години одигра одличен натпревар против Саудиска Арабија, постигнувајќи четири погодоци во мрежата на противникот.

Елмас стрелаше прецизно во 21. минута за водство на Македонија од 1:0. По одличниот центаршут на Марковски, Величковски во 33. минута се најде на вистинско место, биеше со глава прецизно за предност од 2:0.

Во продолжението од средбата, младата репрезентација на Македонија продолжи во ист ритам како што го заврши првото полувреме. Зенделовски во 83. минута постигнува еврогол за убедливо водство на Македонија од 3:0. Конечните 4:0 ги постави Николовски во 90. минута од мечот.

Македонија: Љупче Џеков, Мухамед Елмас, Марко Стојилевски, Андреј Аризанковски, Никола Величковски, Адриан Зенделовски, Зани Назифи, Ѓорѓи Џеков, Фета Фетаи, Мартин Ѓоргиевски, Даниел Марковски;

Селектор Тони Јакимовски;

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни