Поврзете се со нас

Репрезентација

Надежите до 19 години ги добија ривалите за квалификациите за ЕП, селекторот Јакимовски со порака: Да го заокружиме заедничкиот тригодишен циклус со успех

Објавено

на

foto: ffm.mk

Младата репрезентација на Македонија до 19 години ги доби ривалите во елитната рунда квалификации за Европското првенство кое следната година ќе се одржи во Северна Ирска.

Нашите таленти ќе ги одмерат силите со со селекциите на Швајцарија, Украина и Летонија.

Задоволен сум од ждрепката, се наоѓаме во добра група. Реално можевме да добиеме и потешки противници. Меѓутоа во денешниот фудбал модерен фудбал, нема слаби и јаки репрезентации, сите располагаат со одреден квалитет и умеат да играат фудбал на високо највисоко ниво.

– Се надевам дека на претстојните квалификации во рамките на Елитната рунда за пласман на Европско првенство, пред се ќе успееме да го задржиме континуитетот на добри игра и позитини резултати. Нема да биде нималку лесно, но подготвени сме за овој предизвик.

– Мотивацијата кај моите фудбалери и целиот стручен тим е на едно високо ниво. Ќе дадеме се од себе за да успееме да отидеме чекор понапред и обезбедиме пласман на Европско првенство.

– Постои голема жеба за докажување и надигурвање кај моите фудбалери. Се надевам дека нема да изостане и ќе успееме да се прикажеме во добро светло во март. Да го заокружиме овој тригодишен циклус со успех.

– Се надевам дека во следниот период на подготовки, сите фудбалери ќе бидат здрави и ќе ги имам на располагање. Не очекуваат два контролни мечеви во Скопје против селекцијата на БиХ на 27 и 29 февруари. Тоа ќе биде и нашата последна проверка пред почетокот на квалификациите за пласман на ЕП.

– Максимално верувам во оваа генерација на фудбалери. Покажавме карактер, одлучност и голема желба за успех. Очекувам дека можеме да направиме и постигнеме нешто повеќе, се надевам дека ќе успееме да обезбедиме пласман на следното Европско првенство, -истакна селекторот Тони Јакимовски.

Елитната рунда квалификации се игра од 18. до 26. март 2024 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни