Македонија
Надежите до 16 години убедливи со Косово

Младата репрезентација на Македонија до 16 години во контролен дуел против Косово во рамките на Уефа развојниот турнир успеа да слави убедлива победа со 5:1.
Избраниците на селекторот Дашмир Беари на стадионот Албена одиграa феноменален натпревар, во целост го надиграа својот противник и заслужено се радуваа на убедлива победа.
Един Етоски во 43. минута го отвори резултатот на денешната средба. Адми Латифи на самиот старт на второто полувреме успеа да го затресе противничкиот гол и да ја зголеми нашата предност. Две минути беа доволни Македонија да постигне уште еден гол, трет во мрежата на Косово. Един Етоски се најде на вистинското место и го матираше противничкиот голман, постигнувајќи го својот втор гол на денешниот меч. Капитенот Стефан Младеновски го постигна четвртиот погодок за нас во 77. минута. Минута подоцна истиот играч погоди за убедлива предност на Македонија од 5:0.
Косово до крајот на мечот успеа само да го ублажи триумфот на Македонија, за конечен резултат 5:1.
Македонија: Давид Илоски, Хисар Али, Кристијан Ѓоргиевски, Горјан Груевски, Артан Исмаили, Марко Киш, Стефан Младеновски, Албион Муслиу, Игор Ристов, Емир Саботиќ, Беркај Шаини;
Селектор: Дашмир Беари
-
АТПпред 23 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
Светпред 21 час
Руни: Нема да му биде лесно на Меси во МЛС лигата, нема да дојде и…
-
АТПпред 11 часа
Алкарас откри што било главна причина за неговите проблеми: Кој го вели спротивното за Ѓоковиќ, тој лаже!
-
Шпанијапред 23 часа
Димитриевски е на листата на потенцијални засилувања за Реал
-
Англијапред 24 часа
Нема да може да се расфрла со пари: Њукасл има ограничени финансиски средства за летниот преоден рок
-
Лига на шампионипред 22 часа
Халанд: Финалето ќе биде посебно, имаме мисија која…
-
Лига на шампионипред 20 часа
Де Брујне пред финалето со Интер: Секогаш е истата приказна…
-
Италијапред 8 часа
Погрешен прв чекор: Ѕвезда на Интер падна излегувајќи од автобусот во Истанбул (Видео)