Поврзете се со нас

Репрезентација

Надежите до 16 години на тестови со Словенија, фудбалерките до 19 години ќе ги одмерат силите со Бугарија

Објавено

на

foto: www.ffm.mk

Младата репрезентација на Македонија до 16 години (фудбалери родени 2009 година) ќе одиграат два контролни натпревари со соодветната селекција на Словенија.

Контролните натпревари ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје. Првиот меч на програмата е на 22. октомври со почеток во 13. часот, а вториот е закажан за 24 во истиот термин.

Селекторот Драган Начевски ги повика следните фудбалери:

ГОЛМАНИ:

Лука Грчевски   Минералац, Србија

Амин Суљовиќ   Парк

Даријан Денковски   Македонија Ѓ.П.

ОДБРАНА:

Стефан Јорданоски   Брера

Михаил Митрески   Работнички

Матеја Масев   Црвена Звезда, Србија

Аријан Рамадани   Шкендија

Енсар Зеќири   Австрија Виена

Антонио Атанасов, Работнички

Матеј Петков   Илертисен, Германија

Горјан Петков   Македонија Ѓ.П.

СРЕДЕН РЕД:

Јаков Ангелов   Грос Умштад, Германија

Дарин Михајловски   Работнички

Лука Трпевски   Црвена Звезда, Србија

Сонер Ракипи   Шкендија

Фадиљ Исламовиќ   Работнички

Андреј Цветковски   Работнички

Ахмед Сејдини   Работнички

Јоаким Горгиев   А.П. Брера

НАПАД:

Фадиљ Исламовиќ   Работнички

Ердин Мамути  Работнички

Јаков Стојковски   Падерборн, Германија

Вулнет Ахмети   Шкупи

Младата пак женска селекција на Македонија до 19 години, во периодот од 21. октомври до 28. октомври ќе одработи тренинг камп во Банско, Бугарија.

Нашите млади фудбалерки ќе го искористат овој период и ќе одиграат два контролни натпревари против соодветната селекција на Бугарија.

На 24. октомври, на стадион во Разлог ќе биде одигран првиот контролен дуел со Бугарија, со почеток во 14. часот.

На 27. октомври, на истиот стадион, ќе го одиграме вториот контролен дуел со Бугарија. Натпреварот ќе започне во 13. часот.

Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Астрит Мерко се одлучи да ги повика следните фудбалерки:

ГОЛМАНИ:

Ведрана Комненова   Скопје

Белма Казимоска   Ас Јунајтед

ОДБРАНА:

Михаела Додевска   Скопје

Ива Јосифова   Тиверија

Слаѓана   Ѓорѓиева   Тиверија Брера

Стефанија   Веселинова   Каменица Саса

Ива Јовановска   Љуботен

СРЕДЕН РЕД:

Јована Павловска   Ас Јунајтед

Васка Василева   Каменица Саса

Никица Трендова   Скопје

Кристина Крстева   Скопје

Кристина Вељановска   Атлетико

Анастасија Илиевска   Топ Гол

Елена Симјанова   Топ Гол

Зиза Аломеровиќ   Рејкавик, Исланд

Евгенија Дамева   Трелеботгс, Шкотска

НАПАД:

Сара Дика   Ас Јунајтед

Емилија Блажевска   Шведска

Емили Митковска   Речица

Јехона Велиу   Швајцарија

Катерина Петкова   Истатов

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни