Поврзете се со нас

Репрезентација

Надежите без Воша против Украина

Објавено

на

Македонската репрезентација до 21 година денеска го завршува настапот во квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во 2023 година, а последниот меч го играме во Турција против Украина.

Украина поради состојбата во нејзината земја не дочекува во Истанбул во средба на која тие ќе ја имаат фаворитската улога. Украинците сакаат победа со која ќе ги задржат шансите за директен пласман на шампионатот со тоа што многу работи ќе треба да се поклопат за да дојдат до таков резултат.

Кога сме во прашање нашиот тим, ова е средба која доаѓа по победата над Ерменија во Скопје од 3-1 што секако придонесе за кревање на самодовербата. Лоша вест за селекторот Драги Канатларовски е отсуството на еден од нашите најдобри поединци во овој квалификациски циклус, Арби Воша.

Фудбалерот на Македонија Ѓорче Петров е повреден и ќе прескокне дуелот во Истанбул.

Мечот е закажан за терминот од 19:45 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни