Поврзете се со нас

АТП

Надал загрижен за иднината на тенисот: Не сме на добар пат, а ситуацијата само ќе се влоши!

Објавено

на

Рафаел Надал е недопирлив и апсолутен „крал“ на земјена подлога и тешко дека некој ќе ги достигне рекордите кои ги постави во изминатите две децении, а како легенда која се уште има страст за тенисот и која планира да се врати на терените по санирањето на незгодната повреда, излезе со една загрижувачка изјава за иднината на „белиот спорт“.

Надал смета дека модернизацијата на терените и вклучувањето на технологијата направиле тениските подлоги да бидат супер-брзи, што автоматски прави доста работи да зависат од еден, однсоно од почетниот сервис удар.

Шпанецот смета дека огромна предност им се дава на добрите сервери со последните чекори кои се преземаа во спортот, а стравува дека наредните 10 години ова може дополнително да се влоши и да се загуби тениската магија која носи тактичко надмудрување на теренот со извонредни удари од двете страни.

– Во минатото, талентот и тактиката беа многу поважни за тенисот од тоа што е денеска. На спортистите им требаше многу подобра ментална подготовка за да го прочитаат противникот и да успеат во тенисот. Денешниот тенис се темели на поразличен концепт од оној порано.

– На земјена подлога се уште не е дојдено до тоа, но на трева и на тврда подлога, тенисот е се побрз и не сум убеден дека тоа е вистинскиот пат кој треба да го избереме. Сервисот е удар кој најмногу доби од технолошките иновации. Ако не се пронајде брзо решение, постои опасност тенисот да стане зависен од само тој еден удар. Мислам дека ситуацијата дополнително ќе се влоши во наредните 10 години и сите ќе се потпрат само на тој удар, наместо на различните тениски оружја, – објаснува Надал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни