Поврзете се со нас

АТП

Надал загрижен: Се уште не можам да играм…

Објавено

на

Најдобриот шпански тенисер, Рафаел Надал се уште не може да каже дали ќе настапи на првиот грен слем во оваа календарска година Австралија Опен, а причината за тоа е проблемот што го има со грбот.

Бикот од Мајорка не настапува на АТП Купот, па останува отворено прашањето дали ќе може да учествува на турнирот во Мелбурн иако самиот нагласува оти постепно напредува и се надева дека се ќе биде во ред.

-Не е до толку лошо, но сè уште не сум добар во смисла дека би можам да играм. Јас напредувам постепено, но сè уште не сум во позиција да можам да излезам на теренот и да играм со полн интензитет, -открива големиот грен слем шампион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни