Поврзете се со нас

АТП

Надал за поразот од Шварцман: Секогаш можеме да најдеме изговори, ама…

Објавено

на

Рафаел Надал доживеа неочекуван пораз од Диего Шварцман во четвртфиналето на АТП Мастерсот во Рим.

Кралот на земјата загуби со 2-0 во сетови со 6:2, 7:5, пораз кој Шпанецот спортски го прифати и во првата анализа се обиде да ги објасни причините за истиот.

-Ова воопшто не беше моја вечер – тој играше одлично, јас не, па кога е така мора да загубите. После толку долг период без натпреварување, одиграв два добри натпревари, сега дојде и лошиот. Јас ќе продолжам да работам.

-Секогаш можеме да најдеме изговори, но факт е дека не играв доволно добро. Ќе разговараме со тимот како да се подобрам. Беше многу тешка вечер, многу влажна, условите беа многу повлажни од претходните денови, топката не отскокнуваше толку многу и ми беше тешко да ја удирам зад основната линија. Водев со 2-1, а потоа одиграв осум ужасни поени по ред, -истакна Надал кој притоа додаде:

-Ова е посебна и непредвидлива година, веројатно ќе се вратам дома, па ќе видам што ќе се случи понатаму. Направив некои работи добро, некои лоши, барем одиграв три натпревари, но со толку многу претрпени брејкови не можам да добијам натпревар. Морам да го поправам тоа, ќе продолжам да тренирам со вистински став и да си дадам шанса да бидам подготвен за Ролан Гарос, -заврши бикот од Мајорка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни