Поврзете се со нас

АТП

Надал за Новак: Ѓоковиќ ме изненади, повредата исчезна преку ноќ

Објавено

на

Возбудувањата на Австралија Опен продолжуваат, но во исто време не престануваа коментарите, реакциите за повредата на Новак Ѓоковиќ.

Првиот светски рекет со доста мака го заврши дуелот против Фриц за да потоа изјави дека можеби скинал мускул и го стави под знак прашалник неговиот понатамошен настап на турнирот во Мелбурн. Потоа се појави на следниот дуел против Милош Раониќ и оствари рутински триумф од 3-1 за пласман во чтевртфиналето каде ќе ги одмери силите против Александер Зверев.

Поради ова многумина се сомневаат за тоа дали и колку навистина е повреден Ѓоковиќ, па токму на оваа тема проговори и шпанскиот стручњак, Тони Надал.

-Бев изненаден што Ѓоковиќ беше повреден до тој степен и размислуваше дали да го продолжи турнирот за да потоа болката исчезне преку ноќ. Нема да расправам за тоа дали чувствувам болка која често се јавува кај професионални спортисти. Веројатно тоа го крие помалку отколку што треба, -истакна Тони кој долги години беше прв стренер на Рафа Надал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни