Поврзете се со нас

АТП

Надал за најнепопуларниот крај на полуфиналето: Многу ми е тешко….. (Видео)

Објавено

на

Рафаел Надал ќе се бори за 14-та титула во 14-то финале на Ролан Гарос, но начинот на кој заврши полуфиналето направи да не слави со голема емоција.

Шпанецот имаше навистина добра причина за тоа, бидејќи колегата од спротивната страна заработи ужасна повреда на зглобот, и тоа во ситуација кога водеа тричасовна беспоштедна битка на теренот.

Надал и Зверев немаа комплетирано два сета за повеќе од три часа на „Филип Шатрие“, но пред да се одигра вториот тајбрејк (првиот му припадна на Рафа), се случи несреќниот момент по кој Саша тешко го повреди зголобот и мораше да го предаде мечот.

– Се пласирав во големото финале, но многу сум тажен, многу сум тажен за Зверев. Играше неверојатен турнир, тој е добар колега и знам како се бори за да освои грен слем. Засега нема среќа, но сигурен сум дека ќе освои повеќе од еден грен слем.

– Игравме три часа и го немавме завршено третиот сет. Многу тежок предизвик е да се игра против Зверев. За мене ова е тешка ситуација, сон е да се биде во ново финале на Ролан Гарос, но многу ми е тешко. Многу ми беше тешко кога видов Зверев како плаче во собата и кога морав да излезам со него на теренот со патерици за да го предаде мечот, – изјави Надал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни