Поврзете се со нас

АТП

Надал за кам-бекот на терените: Вистина е дека…

Објавено

на

foto:twitter.com/CGTNSportsScene

Рафаел Надал веќе подолго време не е активен на сцената, турнирите, а причината за тоа е што се уште ги нема надминато проблемите со повредата со која се здоби на почетокот на годината, поточно на Австралија Опен.

Сите вистински љубители на белиот спорт сакаат да го видат Рафа повторно на терените, но засега се е отворено, ништо не се знае иако пред некое време директорот на АО, Крег Тили најави дека Шпанецот ќе игра во Мелбурн во јануари.

-Работам и се подготвувам како да ќе бидам дел од Австралија опен во јануари, но во моментов тоа не можам да го тврдам. Вистона е дека чувствувам многу помала болка во текот на играта отколку порано, но таа е сепак таму и не ми дозволува да бидам на максимум.

-Добро е што можам да излезам со повеќе напори и тоа е многу значајно за моето ментално здравје. Сепак, само кога немам никакви болки ќе можам да дадам точна проценка за враќањето на теренот. Морам да си дадам време да се подготвам што е можно подобро, -порача Надал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни