Поврзете се со нас

АТП

Надал за Ѓоковиќ: Жал ми е за него, имаше одлична можност…

Објавено

на

Најдобриот шпански тенисер, Рафаел Надал даде краток коментар за случувањата на Ју-Ес Опен, поточно најважниот момент на турнирот, дисквалификацијата на првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ беше прв фаворит во Њујорк и со оглед на тоа што не играа Надал, Федерер, Вавринка и уште неколку важни играчи имаше отворен пат за пехарот, но тоа не успеа да го направи затоа што во четвртото коло беше елиминиран, доживеа дисквалификација откако со топче ја погоди линиската судијка.

-Навистина ми е жал за него. Имаше одлична можност да дојде до уште една грен слем титула. Знаеме дека такви работи не треба да се прават, ама несреќни работи едноставно се случуваат, -истакна Надал кој на турнирот во Рим во второто коло ќе се соочи со сонародникот Пабло Карењо Буста.

– Се чувствувам одлично, меѓутоа има доза на нервоза затоа што долго време не се натпреварував. Карењо во Европа доаѓа по одлично одиграниот турнир во Њујорк. Сигурно е дека нема да му биде лесно да се адаптира на земја. Очекувам тежок дуел, ќе биде добар тест за да видам како се чувствувам на теренот, -рече Рафа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни