Поврзете се со нас

АТП

Надал за Ѓоковиќ: Тоа е добро за тенисот, но и за навивачите

Објавено

на

Месец јануари секогаш носи доста спортски возбудувања, а едни од нив се од светот на тенисот каде го имаше првиот календарски грен слем Австралија Опен.

Рафаел Надал ќе го брани трофејот во Мелбурн со тоа што сега за конкурент ќе го има и Новак Ѓоковиќ кој минатата година беше вратен назад во Србија, откако властите не му дадоа зелено светло за престој поради неговиот ваквинален статус.

Сега ситуацијата е поинкава, Ѓоковиќ ќе може да игра на својот омилен турнир, па свој коментар околу оваа тема даде токму шпанскиот рекер.

-Новак е тука, тоа е добро а тенисот, веројатно и за навивачите. Ќе видиме што ќе се случи. На крајот секогаш најдобрите победуваат, -рече Надал и додаде:

-Мотивиран сум дoбро да започнам. Најважно е дека сум здрав. Верувам дека ќе бидам конкурентен на Австралија опен, -заклучи 22 кратниот грен слем шампион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни