Поврзете се со нас

АТП

Надал за бизарниот инцидент со жената која му покажа среден прст: Знам зошто го направи тоа (Видео)

Објавено

на

Рафаел Надал се соочи со најчудната и најбизарната ситуација во својата кариера, откако за време на мечот од второто коло на Австралија Опен, мораше да гледа како една недолична жена од трибините му покажува среден прст и го прекинува двобојот кој го имаше со Американецот Мох.

Светскиот рекет број два славеше со сигурни 3:0 во сетови, но при крајот на вториот кога сервираше за 2:0, споменатата навивачка правеше хаос од трибините и не му дозволуваше на Шпанецот да сервира и постојано го деконцентрираше.

Рафа се изнасмеа откако доби среден прст од жената која подоцна беше исвиркана и исфрлена од трибините на Род Лејвер арената, а истата беше топ тема и во интервјуто кое го даде Шпанецот по триумфот од 6:1, 6:2 и 6:2.

– Прилично сигурен сум зошто го правеше тоа. Убеден сум дека беше пијана, изгледа имаше испиено повеќе џин или тоник. За мене ова беше навистина интересна и комична ситуација.

– Не знам зошто се нафрли на мене, но во овој свет има секакви луѓе. Го направи тоа што нејзината состојба и дозволуваше во тој момент. На крајот, самата направи да биде исфрлена бидејќи ги вознемируваше сите, на теренот и на трибините, – изјави Надал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни