Надал за битката со Федерер: Возбуден сум што ќе играм повторно против него на Вимблдон

nadal

Рафаел Надал и Рожер Федерер по пауза од повеќе од една деценија (точни 11 госини) повторно ќе имаат пресметка на Вимблдон и во тоа во полуфиналната фаза што значи дека победникот од оваа битка ќе има можност да игра за големиот трофеј на турнирот во Лондон.

Ова ќе биде четврти дуел меѓу Шпанецот и Швајцарецот на Ол Ингланд Клубот, а поради истата двајцата се возбудени.

-Ова е одлично, тешко е да се замисли да се биде во оваа ситуација, но еве сме. Возбуден сум поради победата (против Квери) и возбуден сум што ќе играм против Федерер на Вимблдон по долго време, -рече Надал.

-Ќе биде многу тешко, знаете. Рафа може секого да среди на секоја подлога. Мислам, толку е добар. Не е само специјалист за земја, тоа го знаеме, -истакна Федерер.

Facebook Коментари