Поврзете се со нас

Европски првенства

Надал воодушевен од МВП играчот на Шпанија (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/SEFutbol

Европското првенство е главен настан на спортската сцена и сите очи се вперени кон натпреварите во Германија, а доказ за тоа се реакциите кои ги имаат и многу поознати ѕвезди од други спортски сфери.

Новак Ѓоковиќ беше голема поддршка на Србија на клучниот меч со Данска и немаше среќа да се израдува на победа, но голем фан на фудбалот е и Рафаел Надал, кој очекувано си навива за својата Шпанија.

Иако никој не ја сметаше за главен фаворит, Шпанија со своите изданија се издвои како најсериозен кандидат за титулата, а тоа го потврди и во ситуација кога губеше во осминафиналето со Грузија.

„Фуријата“ постигна четири гола и на спектакуларен начин се пласираше меѓу осумте најдобри, резултат по кој Рафа не пропушти да го поздрави изданието на МВП играчот.

Родри беше човекот кој го скрши бедемот пред голот на Мамардашвили и кој израмни на 1:1, но импресионираше и со стабилноста и начинот на кој ги разигруваше соиграчите. Ѕвездата на Сити беше избрана за најдобар играч, а Надал не го криеше вооодушевувањето од неговото издание.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни