Поврзете се со нас

АТП

Надал во „трка со времето“ за настап на Ролан Гарос

Објавено

на

Пред нас е вториот календарски грен слем Ролан Гарос, турнир на кој прашање е дали ќе се појави актуелниот шампион, бранител на титулата, Рафаел Надал.

Шпанецот веќе долго време е отсутен од терените и тоа од Австралија Опен каде заработи повреда поради која требаше да паузира меѓу четири до шест недели. Меѓутоа тие прогнози не се остварија, Рафа нема одиграно ниту еден турнир на земјена подлога и останува дилема дали ќе биде во можност да настапи во француската престолнина.

Бикот од Мајорка е во трка со времето и тоа за „Л’Екип“ го потврди директорот на челинџер турнирот во Бордо, Жан Баптист Перлан кој обелодени дека Рафа одбил специјална покана за овој настап како подготовка, генерална проба пред Ролан Гарос.

-Му понудив една од специјалните покани. Карлос Коста љубезно одговори дека Надал ги продолжува подготовките дома во Манакор, дека не е подготвен и е во трка со времето за да биде спремен за Ролан Гарос, -истакнал директорот на турнирот во Бордо.

Френч Опен се игра од 22 мај до 11 јуни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни