Надал во неверица: Ова се случува еднаш во илјада меча (Видео)

nadal-danil

Рафаел Надал е убедливо најголемиот борец кој некогаш е виден во тенисот, но дефинитивно, денеска шпанскиот тенисер ги надмина и своите стандарди кога е во прашање играта до последната топка, бидејќи изрежира нестварен пресврт во дуелот со Данил Медведев.

Русинот изгледаше далеку подобро во третиот одлучувачки сет и имаше водство од 5:1 и меч топка при сервис на Надал (30:40), но Рафа успеа да го спаси овој гејм, а потоа да направи два брејка и го однесе мечот во тајбрејк. Шпанецот беше подобар во завршната игра и се избори за првата победа на завршниот Мастерс турнир во Лондон, задржувајќи ги шансите да се пласира во полуфиналето.

Дури и самиот Рафа не можеше да поверува што направи во пресметката со младиот Русин, а тоа го потврди со изјавата која ја даде на теренот.

– Ова се случува еднаш во илјада меча, се чувствувам супер среќно. Ова беше многу тежок меч во кој бев речиси загубен. Играв подобро од пред два дена, иако во третиот сет отворив многу лошо. Кога го направив првиот брејк во последниот сет, сфатив дека има потешкотии да го затвори мечот во тој момент. Морав напорно да се борам за да добијам шанса, а на крајот ја добив, – изјави Надал.

Facebook Коментари