Поврзете се со нас

АТП

Надал ветува борба по огромното разочарување: Ментално бев вистинска катастрофа

Објавено

на

Рафаел Надал доживеа болно разочарување и вчера беше официјализирана неговата рана елиминација од завршниот Мастерс, турнир кој и натаму останува табу тема за Шпанецот кој е рекордер по бројот на освоени грен слем титули.

Надал никогаш во кариерата го нема освоено турнирот на кој се натпреваруваат осумте најдобри тенисери во една календарска година, а овој тренд продолжува и по крајот на 2022-ра година бидејќи двата порази од Фриц и Алијасим значеа збогување со шансите за полуфинале.

Иако е елиминиран, Рафа ќе одигра меч за чест во третото коло од групната фаза против Каспер Руд, на кој вели дека ќе го даде максимумот и покрај тоа што разочарувањето кое го чувствува е огромно.

– Двата натпревари во Торино беа вистински ужас за мене на ментално ниво, вистинска катастрофа. Ментално не бев како што треба, моето тело, мојата приватна ситуација не ми дозволија да се борам за мојата цел која ја имав тука.

– Сега морам да ја завршам годината на позитивен начин. Не знам дали ќе победам со Руд, но мора да оставам добра слика и да продолжам од таа точка. Не знам дали ќе се вратам на врвното ниво од почетокот на оваа сезона, но ќе умрам обидувајќи се да го направам тоа. Се уште сум мотивиран и не заборавив да играм тенис. Разочаран сум и тажен, но знам дека ќе ми биде подобро со изминувањето на деновите, – изјави Надал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни