Надал и Тим закажаа меѓусебен дуел во четвртфиналето во Рим

EPA/ETTORE FERRARIEPA/ETTORE FERRARI

Рафаел Надал и Доминик Тим го заокружија списокот на патници во четвртфиналето на Мастерсот во Рим, откако вечерва ги совладаа Американците Џек Сок и Сем Квери.

Австриецот Тим играше три сета против Квери, но на крајот избори место меѓу најдобрите осум во италијанската престолнина, додека Надал без загубен сет се најде во следната рунда. 6:3 и 6:4 е резултатот по сетови на последниот осминафинален меч кој траеше 82 минути и го испрати Надал на пресметка со Тим во реприза на неодамнешното финале во Мадрид.

Во преостанатите четвртфинални двојки, Ѓоковиќ за противник ќе го има Дел Потро, Раониќ се среќава со Зверев, а Иснер по триумфот над Вавринка, ќе се бори за полуфинале против Чилиќ.

Facebook Коментари