Надал стави крај на серијата на Циципас за 80. трофеј во кариерата

Nadal-Toronto2

Рафаел Надал стави крај на фантастичната серија на Стефанос Циципас во Торонто и си го обезбеди 80. АТП трофеј во својата кариера.

Шпанецот е само четврт тенисер во отворената ера со ваков резултат, а победата на „Роџерс купот“ ја обезбеди во два различни сета. Првиот Надал го доби со убедливи 6:2, а во вториот мораше да игра тај-брејк кој сепак заврши во негова корист за конечни 2:0 и освојување на прв Мастерс трофеј на тврда подлога по пет години.

Разочараниот Циципас го доживеа поразот во финалето на денот кога го прославува 20. роденден, а утеха ќе му биде фактот што првпат во кариерата ќе се најде во Топ 15 друштвото на АТП ранкингот.

Facebook Коментари