Поврзете се со нас

АТП

Надал со сигурна победа го започна походот кон 13. титула на Ролан Гарос (ВИДЕО)

Објавено

на

blank

Рафаел Надал со сигурна победа го започна походот кон 13. титула на Ролан Гарос.

Шпанскиот тенисер за ривал во првото коло на грен слемот во Париз го имаше Егор Герасимов од Белорусија кого го совлада со 3-0 во сетови на „Филип Шатрие“.

Во првиот и вториот сет на кралот на земјата му беше потребен по еден брејк за да истите ги реализира со 6-4 за да во третиот биде предизвикан од Герасимов кој на стартот му го одзела сервисот и поведе со 2-0.

Рафа брзо одговори на тоа и до крајот не загуби ниту еден гејм за 6-2 и триумф за пласман во второто коло каде ќе се соочи со Мекензи Мекдоналд од Соединетите Американски Држави.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни