Поврзете се со нас

АТП

Надал со прв директен коментар за турнирот на Ѓоковиќ: Секако дека беше грешка, но….

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ се најде на „ѕидот на срамот“ во светскиот тенис по пропаднатиот проект со „Адрија Тур“, бидејќи турнирот кој требаше да претставува забава и враќање во новата нормала, се претвори во ново жариште на коронавирусот.

Заразените тенисери од највисок ранг го згаснаа проектот и брзо на удар се најде светскиот рекет број еден, кој всушност беше главен организатор на турнејата која започна во Белград, а заврши неславно во Хрватска.

Денеска за првпат на оваа тема се огласи и Рафаел Надал, кој неколку дена откако го откажа својот настап на Ју-Ес Опен поради страв од коронавирусот, без да пронаоѓа виновници нагласи дека организацијата на турнирот било грешка.

– Секако дека беше грешка да се организира турнир во Србија и Хрватска во тоа време, но грешките се нормални кога се соочувате со ситуација која претходно никогаш се немате соочено.

– Секој играч носи својата одлука и јас не велам дека мојата е исправна. Сите се наоѓаме во непредвидлива ситуација, искрено се надевам дека луѓето ќе го земат примерот од „Адрија тур“ и ќе научат нешто од тоа, – додаде Рафа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни